Мотивациско писмо

Мотивациското писмо служи да покаже дека работникот кој се пријавува на огласот е заинтересиран за работното место кое се огласува, односно дека е навистински мотивиран да работи за компанијата на чиј оглас се пријавува. Улогата на писмото е да го издвои потенцијалниот кандидат од останатите кандидати, односно да ја подобри самата пријава односно впечатокот кој ќе го остави кај работодавателот. Исто така, со добро напишано мотивациско писмо, кандидатот ќе ги зголеми своите шанси за покана на интервју, истовремено докажувајќи дека ги прати трендовите за пријавување на работа во Европа, а со тоа докажува дека и на работното место ќе се однесува одговорно и поинаку од вообичаените стандарди во Македонија.

Оснона цел на писмото е да послужи како вовед во пријавата за работното место, односно во самата пријава и биографија, кои треба да бидат составен дел на маилот кој се праќа на работодавачот. Краток преглед на писмото (мора да ги содржи овие елементи):

– Во првиот параграф обавезно е претставување на кандидатот, односно како дознал ѕа огласот, преку кој медиум (пожелно преку сајтот на компанијата за чие работно место се пријавува) чул за отвореното работно место. Мора исто така да се наведе позицијата за која се пријавува, со оглед на тоа дека обично компаниите распишуваат огласи за повеќе работни места истовремено.

– Во вториот пасус, вообичаено е кандидатот да се претстави, односно да наведе каде работи, кои се неговите задолженија и како гледа на својата кариера. Може да се наведе и нешто за компанијата за која се пријавува, што го заинтересирало да се пријави.

– Во третиот параграф треба да се наведе целокупното работно искуство кое не е наведено во биографијата, а е потребно да се нагласи за работното место во огласот. Сите знаења и вештини што ги поседува кандидатот мораат да бидат посочени во овој дел од писмото. Квалификациите кои ги поседува кандидатот овде можат да бидат малку пошироко објаснети, а не само да се просто наброени како во биографијата.

– Во последниот параграф мора да се остават контакт податоци и пренесат срдечни поздрави и очекување за поскоро видување, односно за закажување на интервју.