Пример на мотивациско писмо

Ана Трајаноска

Ул. Партиѕанска 45

6.000 Охрид

anatrajanoska@yahoo.com

 

ПРИЈАВА

Почитуван Господине Џафери,

 

Со ова писмо сакам да ја изразам мојата намера да се пријавам за позицијата Референт во фирмата „Тетовски бисери„ Б.Ц. подружница Битола, а која што е објавена на на сајтот www.sljaka.com.

Моето име е Ана Трајаноска, дипломиран правник на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Правен факултет во Скопје, како и адвокат со положен правосуден стручен испит организиран од Министерството за правда на Република Македонија.

После увидот во Вашиот оглас, убедена сум дека моето работно искуство и квалификации совршено одговараат на позицијата која ја барате. Во текот на мојата професионална кариера работев во фирмата Струмичка чаршија, во која што бев задолжена за сите правно-финансиски аспекти. Сите пријавувања/одјавувања на работници, застапувања пред судовите во Струмица и Ѓевѓелија, како и аспектите од материјано книговодство беа моја одговорност. А како фирмата фунционираше како социјално претпријатие, јас бев задолжена за координација и организација на производството, креирање на распоред на вршење на должностите на сите од 6 работници кои што беа запослени, како и за комуникација со сите странски, вклучувајки ги и кредиторите, добавувачите и невладиниот сектор со кои што остварив плодна соработка и креирав голема формална и неформална мрежа на контакти. Верувам дека стекнатите знаења, квалификации и вештини ќе имам прилика да ги употребам на позицијата Референт во Вашата фирма.

Поседувам вештини како на пример: сервилност, способност да останувам прекувремени сати и комплетно да се посветам на поставените приоритети за функционирање на фирмата. Се надевам дека ке сум совршено ќе се вклопам во Вашиот тим.

Доколку имате додатни прашања поврзани со мојата пријава, слободно можете да ме контактирате по пат на маил или преку телефон. Од напред се радувам на Вашиот повик за понатамошниот тек на селекција.

 

 

Срдечен поздрав,                                                                                               Битола, 18.02.2016

Ана Трајаноска